Дедо Мраз со помош на пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје утрово им однесе новогодишни пакетчиња на децата што се лекуваат на Детската клиника во Скопје. Заради пандемијата, годинава Дедо Мраз со пожарникарски скали се качи до терасите на болницата, наместо да ги посети болните деца.
Во 9 часот, противпожарното возило ги вклучи сирените и го најави доаѓањето на Дедо Мраз, а новогодишните пакетчиња ги донесе користејќи до терасите. Таму го чекаа децата и нивните родители, медицинскиот персонал, доктор Цули Софијанова и министерот за здравство, Венко Филипче.
„На Клиниката дојде и министерот за здравство Венко Филипче кој на најмалите пациенти, на децата и нивните родители им посака Среќна Нова година исполнета со безгрижност и радост, што поскоро да оздрават и да се вратат дома кај своите семејства“, стои во соопштението од Министерството за здравство.