„Деспасито“ наскоро со број на прегледи ќе го надмине бројот на жители во светот

Песната „Деспасито“ наскоро ќе има повеќе прегледи на Јутуб отколку што има жители во светот. За четири години, таа успеа да собере повеќе од седум милијарди и петстотини милиони прегледи за четири години, додека вкупниот број на жители во светот се проценува на седум милијарди и деветстотини милиони луѓе.

Пејачите Луис Фонси и Деди Јанки ја објавија песната во 2017 година, по што стана планетарен хит таа година. А нејзината популарност продолжи со години потоа. Во еден период беше толку популарна, што за еден ден за еден ден доби 25,7 милиони прегледи. Во просек песната е слушана околу 2,8 милиони пати на ден.

Луис Фонси, кој својата кариера ја изгради пеејќи романтични балади, имаше двегодишна пауза во кариерата пред да го објави синглот. Одличното враќање со „Деспасито“ му донесе популарност каква не можеше ниту да ја замисли.

 

Scroll to Top