Дете од Битола фрли кревет од повеќекатница

Дете од Битола на возраст од осум-девет години од повеќекатница преку балконот фрли стар кревет, а настанот можеше да заврши катастрофално и да има повредени, пренесе „Сакам да кажам“.

Се појави снимка на социјалните мрежи на која се гледа како детето буквално го турка креветот од висококатницата. Креветот паѓа на земјата и, за среќа, никој не повредува. Иако се слуша силен трескот, од станот каде што живее детето не излегува никој.

Според коментарите на битолчани, настанот се случил во зграда во месноста наречена Декорпод.

Од битолската полиција велат дека деновиве немале пријава за ваков настан, па се сомневаат дека е можно снимката да била направена порано,но објавена сега на „Фејсбук“, а семејството му е познато на полицијата.

Scroll to Top