Децата заглавени во пештерата во Тајланд ќе бидат влечени со јаже

Тајландската Влада го објави планот за спасување на заробените деца во пештерата. Според него, двајца нуркачи ќе придружуваат по едно момче, а низ пештерата ќе ги влечат со јаже.

Кога ќе наидат на тесен премин, нуркачите ќе ги отстрануваат боците со кислород од грбот и ќе ги истркалаат низ премините.

Утрово во 10 часот по локално време почна акцијата за спасување на 12 деца и нивниот фудбалски тренер од пештерата. Инаку, на искусните нуркачи им се потребни 11 часа да стигнат од влезот на пештерата до децата и назад. Поради тоа, Би-би-си наведува дека првото дете најрано би можело да излезе околу 21 часот по локално време.
Scroll to Top