Девет места на кои не смеете да го чувате телефонот заради вашето здравје

Живееме во ера кога скоро никаде не одиме без телефонот. Го носиме секаде со себе, дури и во тоалетот и во кујната. Меѓутоа, држењето на телефонот на некои места може да биде опасно за вашето здравје. Иако сѐ уште не постојат силни докази кои би ги потврдиле штетните ефекти на мобилните телефони врз здравјето, сепак дискусија меѓу лекарите за заканите предивикани од нивната употреба постои.

Електромагнетното зрачење се користи во медицината долго време и произведува исклучително добри резултати во откривањето на ракот, лечењето на ракот на црниот дроб и зголемената апсорпција на лекови од страна на мозокот. Меѓутоа истражувањата покажале дека радио-брановите кои ги емитуваат мобилните телефони негативно влијаат врз квалитетот на сперматозоидите, метаболизмот, но и врз слабото карлично подрачје каде што се намалува густината на коските.

Истражувачите од националниот институт за наука за здравјето на животната средина сметаат дека употребата на мобилните телефони може да го зголеми ризикот од појава на депресија, дијабетес или болести на срцето.

Репортер ви открива каде не треба да го чувате мобилниот телефон.

1. Задниот џеб

Носењето телефон во задниот џеб од пантолоните е многу погодно. Меѓутоа, ова не е најдоброто место затоа што екраните реагираат не само на прстите, туку и на секој допир. Во задниот џеб можете да повикате некој несакан број, а исто така може да влијае на болка во стомакот и нозете. Лесно е да заборавите на телефонот и можете едноставно да го оштетите ако седнете врз него. Ако веќе морате да го носите телефонот со себе, најдобро е страната од екранот да биде свртена кон телото, а задната страна од телефонот да биде насочена кон надвор.

2. Прилепување до лицето

Многу е нездраво да се држи мобилниот телефон во близина на вашата кожа. Во текот на таквиот разговор, бактериите од екранот се пренесуваат на лицето, а електромагнетното зрачење станува уште појако. Најдобро е во текот на разговорот, да го држите телефонот од пола до еден ипол сантиметар од лицето, а добро е и да користите слушалки или спикерфон.

Доколку телефонот не го користите долго време, активирајте го режимот на работа во авион – сопрете го електромагнетното зрачење. Редовно менувајте ја страната на лицето на која го прилепувате телефонот. Избегнувајте го користењето телефони кога сигналот е слаб или кога се движите со огромна брзина (на пр. во автомобилот или возот), затоа што автоматски се зголемува силата на зрачење на максимум.

3. Под перница

Работата на телефон во кревет го нарушува природниот ритам на телото. Светлоста на екранот ги стимулира ќелиите на мрежницата, уверувајќи го телото дека е ден. Освен тоа, неочекуваните пораки и повици можат да нѐ разбудат. По подолго време, ефектот може да биде вртоглавици и несоница.

Доколку телефонот го држите под перницата или во близина на главата покрај креветот, немојте тоа повеќе да го правите. Долготрајното блиско електромагнетно зрачење предизвикува главоболка и вртоглавица. Известувањата кои се појавуваат прават вашиот телефон да се пали постојатно. Надворешното светло влијае врз производството на мелатонин. Сето тоа доведува до проблеми со спиењето. Со покривањето на телфонот со перница ги зголемувате шансите за тоа.

4. Детската количка

Некои истражувачи велат дека ставањето телефон во количката е опасно за детето. Детето е изложено на електромагнетното зрачење кое има опасно влијание врз неговиот развој. Тоа може да биде причина за проблемите во однесувањето како што се хиперактивност и намалено внимание. Генерално, употребата пред децата треба да се намали затоа што развојот на органите кај децата се најчувствителни на штетните ефекти од електромагнетните полиња.

5. На колкот

Носењето телефон во близина на колкот ги ослабува коските, па затоа ограничете го држењето на телефонот на ова место.

6. Предниот џеб

Мажите обично го ставаат телефонот во предниот џеб. Меѓутоа, тоа не е здраво. Истражувањата покажале дека електромагнетното зрачење на телефонот негативно влијае врз квалитетот и количината на спермата. Што подлго мажот го држи телефонот во панталоните, толку е поголем ризикот дека неговата сперма ќе ослаби.

7. Телфон во градникот

Според некои истражувачи, телефонот во градникот го зголемува ризикот од рак на дојка.

8. Ладни места

Ако надворешната температура е под нулата, тоа дефинитивно не му се допаѓа на телефонот. Не би требало долго да го оставете надвор или во автомобилот. Температурната разлика е многу штетна. Кога уредот ќе се врати на топло место, тогаш се формира кондензација, што може да доведе до проблеми со внатрешните делови на телефонот.

9. Топли делови

Високите температури исто така се штетни за електорниката. Не е препорачливо да го оставате телефонот во автомобилот или на плажа.

Scroll to Top