Кога НАСА објави дека бара човек кој ќе ја брани Земјата од вонземјани, сигурно не очекуваа дека за таа работа ќе се пријави деветгодишно момче.
Детето под името Џек Дејвис, испратило писмо до НАСА, кое рачно го напишал, а во кое објаснува зошто тој е идеален кандидат за позицијата офицер за заштита на планетата. Работата вклучува заштита од биолошка контаминација на луѓе и истражување на вселената.
„Можеби имам двеет години, но јас сум совршен за оваа работа. Една од причината е затоа што сестра ми често ми говори дека сум вонземјанин. Така, ги погледнав сите вселенси и филмови со вонземјани. Го гледав и „Marvel Agents of Shield“, а се надевам и дека наскоро ќе го гледам и „Men in black“. Одличен сум во видео-игрите. Млад сум па можам многу да научам да мислам како вонземјанин“, напиша ова момче во своето писмо.
„Секогаш бараме бистри идни научници и инжинери кои ќе ни помогнат, па се надевам дека ќе биде вреден во школо и ќе направи се што е потребно. Се надеваме дека тоа ќе го видиме во НАСА наскоро“, гласеше одговорот на директорот Грин.
Да потсетиме, офицерот за заштита на планетата ќе биде ангажиран за да се увери дека луѓето не ја контаминираат планетата, месечината и другите објекти во вселената. Така би требало да помогнат во спречување на ширењето на било какви вонземјански микроби на Земјата.
Неговото задолжение е и да поверуваме дека патот до вселенските центри ширум светот ја надгледуваат состојбата во центрите.
Кандидатот мора да има најмалку година дена искуство како службеник од цивилната влада на највисоко ниво, плус мора да поседува „напредни познавања“ за заштитата на планетата и се што подарзбира под тоа.