Жу Дингшуанг, деветгодишното девојче од Гагнн, град од југозападна Кина, секое утро го носи својот постар дванаесетгодишен брат кој е парализиран и не е во можност самиот да се грижи за себе.
Иако куќата е оддалечена од школото, околу 500 метри, сепак за Жу ова не претставува голем напор. Откако нејзините родители биле приморани да се откажат од школувањето на синот, Жу одлучила буквално да ги превземе работите во свои раце.
Таа им рекла дека таа ќе му помогне на нејзиниот брат, па покрај тоа што го носи во школо, таа му ги врзува патиките, физички го турка со количка, за да не добие чувство дека не е отфрлен од другарите.
Ова не е се. По враќањето дома, таа им помага и на родителите, со тоа што го чисти домот, ги мие садовите, а потоа на постариот брат му помага во извршувањето на домашната задача.
Не е познато дали нејзиниот брат се родил оневозможен да оди, или пак можеби доживеал некаква сообраќајна несреќа.
„Јас ќе бидам неговите нозе. Ќе бидам со него засекогаш!“, радосно порачува Жу додека се подготвува за новиот школски ден со нејзиниот брат.