Девојка се самоубила затоа што медицинските сестри се заиграле со мобилните

Две британски медицински сестри се обвинети за самоубиството на ранлива девојка, која била сместена во посебно одделение во институтот за ментално здравје во Гернзи. Сестрите биле обвиенти затоа што не воделе грижа за девојката, а истовремено си играле со нивните мобилните телефони.

Лорин Елис (22) била пронајдена мртва во „Оберландс“ Центарот за ментално здравје. Сестрите и покрај тоа што знаеле дека Лорин има суицидални намери, тие не воделе сметка за неа.

Требало да ја проверуваат на секои 15 минути, но последните шест минути, пред смртта, тие ги пропуштиле. Рори Мекдермот (32) и Наоми Престиџ (31) се уапсени по прегледот на снимките од безбедносните камери.

Тие сурфале на телефоните и слушале музика. Една од работите кои ги пребарувале на интернет, било сместување за одморот кој го планирале на Тенерифе. Тие се обиделе да се извлечат поднесувајќи лажен извештај за смртта на Лорин. Двете го негираат убиството кое се случило на 12. октомври 2017 година.

Обвинителите велат дека сестрите не си ја исполните нивната должност, да се грижат за Лорин во текот на целиот нејзин престој во установата. Три часа претходно, мајката на Лорин го повикала центарот за да дознае за состојбата на нејзината ќерка.

 

Scroll to Top