Џеф Безос изгуби 20 милијарди долари за два дена

Главниот извршен директор на „Амазон“, најбогатиот човек на светот Џеф Безос, за два дена изгубил 19,2 милијарди долари, додека акциите на неговата компанија паднале за 14%.

Ова, како што пренесува „Блумберг“, е најголемиот забележан губиток во рок од два дена, со што Безос го сруши неодамнешниот рекорд на шефот на Фејсбук, Марк Цукенберг, кој во јули изгуби импресивни 16,5 милијарди долари, по што неговата компанија не ги исполнила очекувањата на пазарот.

И покрај енормниот губиток, Безос и понатаму е прв на листата на најбогати луѓе на светот со имот вреден 133 милијарди долари, што е за речиси 40% повеќе од второпласираниот на листата, Бил Гејтс, чие богатство изнесува 94,2 милијарди долари.

Гејтс донирал дури 35,8 милијарди долари во својата добротворна фондација, што е 27 проценти од неговото лично богатство.

Безос неодамна влезе во добротворните води, кога во септември објави дека формира добротворна фондација во вредност од две милијарди долари за претшколска установа во заедниците со ниски приходи и за помош на бездомниците.

Сепак, по неколку лоши денови, неговото богатство на 31 октомври благо се подобрило, бидејќи заработил 5,4 милијарди долари за време на скокот на вредноста на акциите на „Амазон“ за 4,4%.

 

Scroll to Top