Џејми заробен во дом за сираци во Дубаи, откако одбил да се врати кај мајка му во Франција

Деветгодишно момче од Британија, Џејми, стана „заробеник“ во дом за сираци во Дубаи откако одбило да се врати кај неговата мајка која живее во Марсеј, Франција, пишува „Дејли мејл“.

Момчето не сака да се врати назад затоа што вели дека неговата мајка го малтретирала. Судот претходно одлучил да ѝ го додели старателството на неа. Неговиот татко, со кого Џејми сака да живее, работи во Обединетите Арапски Емирати.

Чарли и мајката на Џејми во моментов се во фаза на развод. Чарли сега се соочува со затворска казна доколку не се покори на барањата да го врати Џејми назад во Франција. Мајката го обвинува сопругот дека го свртел нејзиниот син против неа и побарала од Францускиот суд да преземе мерки за да го врати момчето дома.

Џејми откако му завршило времето за посета кај неговиот татко, одбил да се врати. Џејми на 7 ноември бил однесен во дом за сираци, кој се наоѓа во пустина во близина на Дубаи.

Членови од семејството кои бараат момчето да остане со неговиот татко потпишаа и петиција во која навестуваат дека домот за сираци бил ограден со 25 метри висока ограда и повеќе наликувал на затвор отколку на дом. Велат дека Џејми не заслужува ваков живот и ќе направат сè за да го спасат од местото каде што во моментов се наоѓа.

Во петицијата е навестено дека малиот Џејми не заслужува ваков третман и дека треба да биде сослушан. Треба да се одбие барањето на неговата мајка да се врати кај неа и да му се овозможи да живее со неговиот татко, кај кого Џејми сака да остане.

Семејството и пријателите дури и побарале британската премиерка Тереза Меј да интервенира.

„Ова не е војна со Средниот Исток. Ова е модерен Среден Исток, каде што милони луѓе секоја година доаѓаат за време на одмори, празници или работа“, пишува во петицијата.

Неговото ментално здравје се влошува. Сите сме загрижени за неговата безбедност и живот. Дури и една од неговите тетки која живее во Велика Британија, Мориа, вели дека би било застрашувачко доколку му се дозволи на малиот Џејми да се врати кај неговата мајка. Таа на адвокатите им рекла дека малиот Џејми ѝ кажал дека некогаш сакал да заспие навечер и никогаш да не се разбуди.

Таа вели дека 40-годишниот Чарли, кој работи на брод, дури и бил подготвен да заврши во затвор само да не го врати својот син назад кај неговата мајка. Но, набрзо потоа Чарли сфатил дека зад решетки не би бил премногу корисен.

Чарли се согласил да го предаде Џејми на неговата сегашна жена, која работела во сеемен судски центар во Обединетите Арапски Емирати, за да нема проблеми со законот. Но семејството и пријателите на Џејми велат дека момчето постојано викало и одбивало да се врати кај мајка му. Џејми потоа завршил во дом.

Оттогаш малиот Џејми го видел својот татко само еднаш.

Во петицијата потпишана од пријателите и семејството се вели дека човечките права на Џејми се прекршени од страна на француските авторитети, а не од службите каде што момчето во моментов се наоѓа. Службите во Саудиска Арабија постојано биле коректни со Џејми, но од друга страна, принудени се со билатералните договори да се покорат на барањата на француските колеги.

Scroll to Top