Џиновска медуза, „јајце на око“, уловена на Јадранот

By
Оваа медуза може да порасне до 35 сантиметри во пречник, а обично има од 10 до 30 сантиметри.

Неодамна туристите на Јадранското море имаа можност да видат медитеранска медуза, која сите ги остави без текст, поради својот необичен изглед.

„Пловевме со чамец во заливот Граштиќ, кога во морето здогледавме огромно јајце на око како плута по водата“, вели девојката која ја сними медитеранската медуза, која потсетува на јаце на око.

„Беа две, а тоа веќе не успеавме да го снимиме. Мојата пријателка се шокираше. Не сакавме да ги малтретираме па брзо ја пуштивме во морето“, вели таа.

 

Медитеранската медуза „Corylorgiza tuberculata“, може да се види во Медитеранот и во Јадранското море.

Може да порасне до 35 сантиметри во пречник, а обично има 10 до 30 сантиметри. Има мала пипка која жари, но не е опасна за луѓето.

 

Во северниот Јадран знаат да се јават во голем број, но ретко, пишува 24 часа.хр.

Ќе ви се допадне