Директорка од школо во Полска отуштена затоа што организирала симулација на терористички напад

Директорка од основно школо во Полска е отпуштена од работа, затоа што организирала вежба на која бил симулиран терористички напад, а истовремено не им кажала на наставниците и децата дека станува збор за вежба.

Децата ваквата вежба ја сватиле како реална и многу од нив на возраст од 10 и 14 години испаничиле и почнале да плачат кога виделе мажи во камуфлажна униформа со маски на лицето и лажни пушки.

Директорката на 14 ноември ангажирала локална фирма за обезбедување, да ја организира вежбата за учениците, како истите би научиле како да се однесуваат за време на терористички напад. Децата почнале да викаат и плачат кога маскираните униформирани лица почнле да фрлаат лажни распрскувачки бомби.

Градоначалникот изјавил дека директорката ги изложила децата на непотребна траума, иако знаела дека на некои од младите им бил потребен посебен психолошки третман. Од фирмата која ја извела вежбата изјавиле дека не биле известени дека децата нема да знаат за вежбата. Некои од родителите изјавиле дека нивните деца сега се плашат да се вратат во школо, да одат на екскурзија, па дури и да спијат сами. Образовните власти исто така се огласиле по повод овој настан. Тие изјавиле дека на директорите од школото останува одлуката дали ќе се одржуваат вакви вежби.

 

Scroll to Top