Дневен хороскоп за 28 декември: Многу пари за овните и љубов за бикот

ОВЕН

На работно поле ќе имате голем успех. Сега доаѓаат вашите пет минути и искористете ги најдобро што можете. Во љубовта, задоволни сте од врската што ја имате. Ги имате надминато сите проблеми и сега работите се враќаат во нормала. Со здравјето сè е во најдобар ред.

БИК

Фокусирани сте на работата, но сакате да воведете некакви промени. Не ги кажувате јавно идеите, од страв дека некој може да ги украе. Задоволните сте од партнерот. Внимавајте на здравјето. Страдате од несоница.

БЛИЗНАЦИ

За оние кои имаат приватен бизнис, сега е време да фатат врски со странски компании. Уживате во флертувањата со многумина од опкружувањето. Со здравјето сè е во најдобар ред. Се чувствувате одлично.

РАК

Работите не се онакви какви што посакувате. Преоптоварени сте со кредити и позајмици. Многу од вашите молби за работа ќе бидат одбиени. Брачниот живот не е за вас. Се плашите од обврски. Внимавајте на здравјето и проблемите со притисокот.

ЛАВ

Состојбата на работа е лоша. Ќе доживеете голем број дебакли. Односот со партнерот е стабилен. Сега е време кога треба да ја покажете вашата поддршка. Со здравјето сè е во ред, иако делувате нерасположени.

ДЕВИЦА

Вашиот претпоставен гледа во вас голем потенцијал. Искористете го наклонетоста и дадете сè од себе за да успеете. Ова е време кога не сакате многу да трошите време на вашиот партнер. Внимавајте на здравјето и проблемите со притисокот.

ВАГА

Имате проблем да се фокусирате на работата. Немате најдобар однос ниту со колегите. Врската ви е стабилна и се чувствувате безбедно покрај партнерот. Внимавајте на здравјето и проблемите со грлото.

ШКОРПИЈА

Многуте проблеми на работа ви предизвикуваат главоболки. Уморни сте веќе од работата. Имате симпатија со која тајно се гледате. Ваквите средби ви годат и посакувате долга врска. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на главоболка.

СТРЕЛЕЦ

Уморни сте и постојано ви паѓа концентрацијата на работа. Правите многу грешки. Главна тема со брачниот другар ви се парите. Уморни сте од разговорите за финансиите. Внимавајте на здравјето. Наклонети сте кон алергии, внимавајте на исхрана.

ЈАРЕЦ

Работите полека почнуваат да одат во позитивен правец. Кредитите ќе ви бидат одобрени, а фирмата ќе почне да покажува добри резултати. На љубовен план, не сте многу заинтересирани за вашиот брачен партнер. Со здравјето сè е во ред.

ВОДОЛИЈА

Имате проблеми со комуникацијата на работа. Не можете да се разберете со колегите. Задоволни сте од врската. Со здравјето сè е во ред, но морате да внимавате на исхраната.

РИБИ

Вредни сте и сакате да го покажете целиот ваш потенцијал на работа Опуштени сте и комуникативни. Сакате да флертувате, но не сакате да влегувате во сериозна врска. Со здравјето сè е во ред.

 

Scroll to Top