Дневен хороскоп за 8 мај

By

Овен

Избегнувајте ја неодлучноста и превземањето на нови деловни акции затоа што тоа би можело да ви донесе нови проблеми на ова поле. Енергични сте и ви годи да бидете постојано во движење и да запознавате нови луѓе. Активирано ви е полето на флерт. Внимавајте на здравјето и дебелината.

Бик

Ве очекуваат промени на деловно поле. Подгответе се за некои настани кои не сте ги очекувале. Љубомората би можела да почне да ви претставува прилично голем проблем со саканата личност денес. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на камен во бубрег.

Близнаци

Постепено можете да ги остварите своите деловни цели и да ја добиете поддршката од личноста која на некој начин ви е важна. Доколку сте во врска со саканата личност, ќе остварите уште поблизок интимен однос во наредниот период. Со здравјето сè е во ред.

Лав

Ве очекуваат некои деловни промени кои ќе морате да ги прифатите иако не сте ги побарале ниту покренале. Новото познанство кое е пред вас може да биде значајно за вашата емотивна иднина. Внимавајте на здравјето и проблемите со желудникот.

 

 

 

Девица

Доколку се занимавате со приватна работа, сега е време да размислите за некои промени кои се неопходни. Ве очекува почеток на врска со личност со која од самиот почеток ќе почувствувате силна фатална страст и привлечност. Внимавајте на здравјето и проблемите со срцето.

Вага

Чувајте се од непријатели и неискрени луѓе во вашето деловно опкружување. Можно е да имате повеќе проблеми од што очекувате. Не сте задоволни со односот кој сте го оствариле со саканата личност и ве оптеретува вашата врска. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со дишните патишта.

Шкорпија

Можно е да имате поголеми трошоци и тоа да ви го поремети расположението на некој начин. Не сте фокусирани на односот со партнерот. Можно е саканата личност да се сомнева дека нешто криете од неа и дека не сте сосема искрени. Со здравјето сè е во ред.

Стрелец

Ве очекува поволен ден, особено ако постои некој деловен проблем кој сте требало да го решите во минатото. Ви се допаѓа личност која ќе покаже дека со вас сака да има еден позитивен и сериозен однос. Внимавајте на здравјето и намалете ја конзумацијата на масна храна.

Јарец

Подобрувањето на полето на финансии ќе ви го подобри расположението. Можете да се надевате на позитивен пресврт на ова поле. Имате чувства кон некој од вашите пријатели и не ви е лесно да ја преминете границата меѓу пријателството и љубовта. Внимавајте на здравјето и избегнувајте го алкохолот.

Водолија

Можете да очекувате дека ќе успеете да ги остварите целите поврзани со вашето деловно опкружување. Саканата личност ќе покаже искрени чувства кон вас. Можете да се надевате на позитивни околности на ова поле. Внимавајте на здравјето. Поведете сметка на конзумарањето на течностите.

Риби

Имате многу обврски и важно ви е да се посветите на работата. Во овие моменти кариерата ви е на прво место. Ве очекува можност за ново познанство. Лесно ќе ја освоите личноста која кај вас оставила добар впечаток. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на имунитетот.

 

Ќе ви се допадне