Добитничката на Нобелова награда за мир Малала Јусафзаи и компанијата „Епл“ ќе снимаат детски серии, драми и документарци, кои ќе се емитуваат на стриминг-сервисот на технолошкиот гигант. Од „Епл“ веќе ја објавија соработката со продукциската куќа на Малала, „Екстракурикулар“.
Соработката двете страни ја почнаа уште во 2018 година. Фондот кој го создаде Јусафзаи, „Малала фонд“, има намена да ја прошири можноста за образование на девојките ширум светот.
Со тоа таа им се приклучи на големите имиња уметници, кои соработуваат со „Епл“, како што се Опра Винфри, Мартина Скорсезе, Октавиа Спенсер, Афонса Куарона и Том Хенкс.
За потсетување, Јусафзаи во 2012 година преживеа откако беше застрелана во глава. Таа беше мета на напад на талибанци, поради нејзината кампања против нив за скратување на образованието на жените. Минатата година дипломираше на „Оксфорд“.