Додека Бразил се бори со коронавирусот, Нејмар прави журки во својот дом

Додека Бразил се бори со пандемијата со коронавирусот, фудбалската ѕвезда Нејмар прави забави со голем број гости во неговиот дом. Фудбалерот организира журки за преку 500 гости во неговата вила и ги доведува во ризик сите, пишуваат тамошните медиуми

Нејмар во неговата вила има подземен ноќен клуб, а предновогодишната забава трае со денови.  Фудбалерот на ПСЖ во неговиот дом во Мангаратиби во Рио де Жанеиро има направено подземен ноќен клуб, каде [to често организира журки.

Тој ангажирал голем број пејачи кои ги забавуваат гостите. Фудбалската ѕвезда сè повеќе ја губи популарноста во Бразил и многумина го гледаат како размазена ѕвезда која не мисли на другите, пишуваат тамошните медиуми.

Scroll to Top