“Значи, тоа што Бог го споил, човек да не го разделува.”!” (Mарко 10,9)
Бракот е света заедница и пред Бог и пред луѓето. Тоа е печат за обврска еден пред друг за целиот живот, како што кажуваат нивните брачни завети: “да те прифатам и носам, од овој ден па натаму, во добро и во зло, во богатство и во сиромаштија, во болест и во здравје, додека смртта не не раздели.” Ова е најубавиот текст кој можеме да го слушнеме на оваа планета.
Можеби кога сте биле млади сте започнале да ја градите својата свадба од соништата во својот ум и сте се радувале на исполнување на тој ден. Да се биде заљубен е најубавото чувство на целиот свет. Колку би бил поубав животот кога би го живееле со личноста која најмногу ја сакате?
Но луѓето кои што се уште не се во брак премногу ги идеализираат придобивките од бракот па забораваат да се подготват за предизвиците во бракот. Да, бракот е најубавото нешто што може да му се случи некому, но не е секогаш лесен.
2,3 милиони парови се венчаваат годишно, што е отприлика 6,200 венчавки дневно. Но од друга страна, се случува еден развод на секоја 36 секунда. Тоа се околу 2,400 разводи дневно, 16,800 разводи неделно и 876,000 разводи годишно. Разводот е сериозен проблем со кои денес многу парови се соочуваат.
За да можете да го сочувате бракот, прочитајте 10 библиски правила за среќен и успешен брак:
1. Никогаш не ги изнесувајте грешките од минатото. Престанете да ги критикувате другите или тоа ќе ви се врати.Ако им простите на другите, ќе ви биде и вам опростено. (Лука 6,37)
2. Подобро занемарете го целиот свет отколку едни со други. “ Зашто каква полза има човек, ако го придобие целиот свет, а на душата своја и напакости??” (Марко 8,36)
3. Никогаш не одете на спиење без да го решите проблемот. “ Гневете се, но не грешете: сонцето да не зајде над гневот ваш;”(Ефесјаните 4,26)
4. Барем еднаш дневно поделете комплимент на вашиот партнер. “Кроток јазик е дрво на животот, а злиот – рана на душата.” (Изреки 15,4)
5. Никогаш не се состанувајте без топло добредојде. “ Возљубената: Да, сакам да ме цели ваш со бакнежи на устата своја! Зашто твоите милувања се подобри од виното.” (Песна над песните 1,2)
6. “Во сиромаштија и богатство” – радувајте се на секој момент кој Бог ви го дал. “Подобро јадење од зеленчук, и со него љубов, отколку угоени телиња, и со нив омраза..” (Изреки 15,17)
7. Ако можете да се пофалите себе или својот партнер, нека тоа биде вашиот партнер. “Не откажувај да му направиш добро на оној, кој има потреба, кога раката твоја има сила да му помогне.” (Изреки 3,27)
8. Во некој ммомент вашиот партнер може ќе ве повреди, научете да опростувате. “ Внимавајте на себе. Ако згреши против тебе братот твој, укори го, и ако се покае – прости му. И ако седумпати на ден згреши против тебе и седумпати на ден дојде и ти рече: ,Се каам‘ – прости му.” “(Лука 17,3-4)
9. Не ја користите верата или Бог како чекан. “Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него..” (Јован 3,17)
10. Љубовта нека ве води. Љубовта е великодушна, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не е горделива, 5 не е непристојна, не бара свое, не се срди, не памти зло, 6 не се радува на неправда, туку се радува на вистина, 7 сè покрива, во сè верува, на сè се надева, сè поднесува. “(1 Кор.13,4-5)
Прочитајте повеќе на: http://www.turlitava.com/dodeka-smrtta-ne-ne-razdeli-sekoj-brachen-par-bi-trebalo-da-go-prochita-ova/#ixzz4oH9PqWlp