Дојавата за бомба е лажна, кажаа од МВР

Од МВР информираа дека пријавата за бомба во Македонскиот народен театар била лажна.

„МВР ги направи потребните проверки и утврдено е дека пријавата за напад е лажна. Се преземаат мерки за утврдување на пријавата и преземање на соодветни мерки и санкции против личноста која лажно пријавила. Им благодариме на граѓаните за трпението, и на медиумите за професионалниот однос кон ситуацијата“, стои во нивното соопштение.

За потсетување, попладнево полицијата ги блокираше сите приоди кон зградата на Македонскиот народен театар, откако доби пријава за поставен експлозив во театарот. А покрај него беа евакуирани и Македонската опера и балет, како и околните згради.

Scroll to Top