Доколку вечер биде пожешко од 32 степени, УЕФА има план

Доколку температурата на воздухот на почетокот од натпреварот биде повисока од 32 степени тогаш според правилата на УЕФА се планирани две паузи за освежување на играчите по 30 и 60 минути игра.

На вчерашната прес конференција, менаџерот на Јунајтед Жозе Мурињо, рече дека условите за игра ќе бидат исти за двата тима, иако тој изминатите денови закажувал тренинзи во 16 часот, со намера играчите да се аклиматизираат на високите температури, но како што рече „во Манчестер во тој период секогаш имаше дожд“.

Од друга страна тренерот на Реал, Зинедин Зидан, не смета дека тоа што климата во Мадрид е слична со оваа во Скопје ќе биде предност за неговите фудбалери.

Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид вчера одржаа лесни тренинзи. Дуелот на „Филип Втори“ започнува во 20:45 часот.

Scroll to Top