Претседателот на САД, Доналд Трамп, беше во посета на луѓето погодени од ураганот Мајкл во областа Пенхендл, Флорида, место кое целосно беше уништено.
На преживеаните Трамп и неговата сопруга Меланија им делеа флаширана вода на луѓето во хуманитарниот центар „Лин Хевн“. Според тамошните медиуми, од силното невреме настрадале повеќе од 18 500 жители во делот на северозападна Флорида.
Според досегашните проценки, најмалку 18 луѓе се загинати во налетот на ураганот Мајкл, кој удри во четири американски држави на југоистокот на земјата. Ова беше една од најсилните бури што го погодиле континенталниот дел на САД.
Спасувачите стравуваат дека бројот на загинатите би можел да биде поголем затоа што голем број луѓе се водат како исчезнати во градовите како што се Мексико Бич и Панама Сити.
Се проценува дека ураганот нанел штета во вредност меѓу шест и 10 милијарди долари.