Доналд Трамп се посрамоти пред нацијата сакајќи да покаже колку е работлив

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, посакал да му покаже на светот дека работи и покрај делумната блокада на владата.

Поради тоа, тој повикал фотограф кој го фотографирал како седи на столот и глуми дека зборува на телефон со некого.

Фотографијата стана хит на „Твитер“  поради еден детаљ кој сите веднаш го забележаа. На бирото на Трамп нема ниту еден лист хартија, што не дава впечаток на лице кое работи.

„Еј, сите знаете нешто за бироата. Изгледа ли ова на личност која работи?“, праша една твитерџика.

„Вака изгледа кога ќе дојдеш во канцеларија и поробуваш да видиш дали ти работи телефонот“, се пошегува друга.

„Моето биро никогаш не било толку чисто. До кога ќе нè посрамотува овој човек“, праша еден огорчен Американец.

Потоа почна масовно постирање фотографии од твитерџиите и нивните пренатрупани бироа во канцелариите за да покажат како изгледа човек кој работи во канцеларија.

Се разбира, некои ја искористија можноста да ја споредат посветеноста на работата на Трамп со онаа на Барак Обама.

 

Scroll to Top