Последните докази дадени пред судот само ја потврдуваат приказната на републиканката Самер Зервос, која го обвини американскиот претседател за сексуален напад. Нејзината адвокатка Мериен Винг, пред судот покажала низа документи кои само ја потврдуваат нејзината приказна.
Винг успеала да го убеди судот, од кабинетот на американскиот претседател да ја предадат целата документација, за местото и времето каде се наоѓал Трамп во моментите кога ја нападнал Самер, документи кои од Белата куќа на почетокот ги оквалификувале како „доверливи“.
Оваа документација само ги потврдува изјавите на Самер за сексуалниот напад кои се случил во 2011 година. Винг исто така навела и низа други докази со кои пред судот покажа дека нејзината клиентка не лаже.
„Фактот што мојот клиент веднаш ја раскажа својата приказна во медиумите, говори дека нејзините обвинувања се вистинити“. изјавила Венг.
Венг приложила документација со која се потврдува дека Зервос веднаш по нападот се консултирала со низа правници, меѓу кои и Глирја Алерд. Зервос тврдела дека постојат докази дека двајцата во ист ден отседнувале во ист хотел, нешто што кабинетот на претседателот категорички го отфрли. Во доказите е прикажан и мејлот на „Фокс Њуз“, медиум преку кој Зервос се обидела да ја раскаже својата приказна.
„Бев во ријалити шоуто „Приправник“. По завршувањето на емисијата Трамп ме покани во хотелската соба под изговор дека сака да ми понуди работа. Но, тој имаше друга агенда.“, пишува во мејлот кој Самер го испратила до „Фокс њуз“.
Самер во моментов води судски спорт против Трамп и за клевета. Американскиот претседател во 2016 година ги отфрли нејзините обвинувања, окарактеризирајќи ги како лажни и болни.
„Не знам кои се овие луѓе. Го гледам сето тоа на телевизија и мислам дека е одвратно. Немаат сведоци, нема никој во близина кој би можел да посведочи на вакво нешто. Многу е веројатно дека тоа го прават за слава. Ова е местенка и ваквите обвинувања се измислици“, изјавил Трамп.