Во прашање е неговиот миленик. Арслан дозволил да биде каснат од змијата поради распадот на бракот и неизмерната болка поради разводот со поранешната сопруга.
Тој на оваа потресна снимка, во моментите на целосна дезориентација и изнемоштеност, ги моли гледачите да ја повикаат неговата поранешна сопруг.
Змијата и моментот на смрт не се прикажани, но блогерот, инаку некогашен работник во зоолошка градина, на гледачите им го покажува каснатото место на раката.
На крајот на снимката станува од столот и се оддалечува од камерите. Набрзо потоа умира.
Инаку, тој и неговата сопруга Екатерина Катја заедно воделе неколку јутјуб-канали за змии, а имале илјадници обожаватели.
Двојката се развела поради тоа што Кајта го изневерила, по што следело семејно насилство. Таа потоа побарала развод, а Арслан го снимил ова проштално видео.
„Кажете ѝ дека ја сакам неизмерно. Не можам да верувам што ми се случува. Некој нека ја повика Катја, би бил пресреќен ако има време да дојде и да ме види. Јас веќе умирам. Се тресам“, вели тој додека несвесно ги превртува очите.
Гледачите повикале итна помош, но на блогерот му немало спас.
Неговата поранешна сопруга не сакала да го коментира видеото.