Компанијата „Зиплин“ има технологија со која може да спасува животи ширум светот. Нивниот изум е дрон кој може да доставува неопходна медицинска опрема во најнедостапните делови на светот.
Дури 95% од патиштата во Африка се уништуваат секоја година, што ја отежнува доставата на медицинска помош.
Дронот „Зиплин“ може да ги достави неопходните залихи на помош од центарот до клиниките и болниците до кои е невозможно да се дојде со обичен транспорт, пишува „Бизнис инсајдер“.
Овие дронови веќе се користат во Руанда. Медицинските работници потребната опрема можат да ја порачаат преку пораки, а најчесто имаат потреба од залихи крв. Секој дрон може да понесе околу еден 1,5 килограми тежина.
Дроновите можат автоматски да одлетаат на дестинацијата, но можно е и рачно да се управуваат од земја, додека залихите најчесто се доставуваат со падобрани.
Компанијата планира да ја прошири својата флота на дронови и да доставува медицинска помош и во други земји.