Држава во која не слушнале за коронавирусот

Стотина илјади луѓе заробени на западот на Мјанмар, место каде што се водат жестоки борби, не знаат ништо за коронавирусот.

Тоа е затоа што во овој дел од земјата владата  го има исклучено интернетот за населението на една година. Минатиот јуни владата во оваа земја, предводена од државната советничка Аунг Сан Су Кји, им го оневозможи пристапот на интернет на луѓето во девет градови.

Ваквиот потег се случил поради загриженоста дека мрежата може да се користи за подметнување  конфликти меѓу војската и бунтовниците.

Во еден од тие градови интернетот е целосно вратен од мај оваа година, но осум други градови, со вкупна популација од околу 800.000 луѓе, и понатаму се без интернет, а со тоа и без никакви информации за тоа што се случува во светот.

Организацијата „Хјуман рајтс воч“ и „Амнести интернешнал“, велат дека долготрајната забрана за пристап на интернет ги доведува во ризик животите на луѓето, не само затоа што ги спречува да пријавуваат евентуално кршење на човековите права, туку затоа што ги одвојува од важните глобални случувања, како пандемијата со коронавирусот.


„Со вооружените конфликти меѓу војската на Мјанмар и војската на Аракан во државата Ракине, среде пандемијата, нужно е цивилите да ги добијат потребните информации за коронавирусот за да бидат безбедни“, изјавила за Си-ен-ен Линда Лакдир, правната советничка на организацијата „Хјуман рајтс воч“.

Мјанмар досега има забележано шест смртни случаи и 292 позитивни случаи на коронавиур, додека повеќе од 64.532 луѓе биле тестирани, велат податоците од тамошното Министерство за здравство.

Неколку случаи се потврдени во градовите Маунгдау и Бутидаунг во Ракинеа, каде што повеќе од 100.000 муслимани живеат во преполни логори. Многумина од нив побегнале од операцијата „Чистење“, која ја покрена војската против нив во 2018 година.

Scroll to Top