Во Дубаи се отвори најдлабокиот базен на светот за нуркање. Пливачите може да се спуштат и до 60 метри длабочина додека во базенот може да се движат низ прозорци и врати. Интресено е што има и автомобил, посебни светла и звук, па може и да играат подводни игри.
Базенот, со површина од шест олимписки базени, доби потврда од Гинисовата книга на рекорди како најдлабок базен во светот за нуркање. Од „Deep Dive Dubai“ велат дека е за 15 метри подлабок од кој било друг базен.
Дубаи како светска туристичка акракција веќе има неколку места кои се рекордни, како на пример највисокиот базен во светот, највисоката зграда во светот, како и огромни аква-паркови.