Дубаи го отвори Eкспо 2020 откако претвори пустина во футуристички пејзаж

Синоќа во Дубаи се отвори првиот Светски саем (Експо) на Блискиот Исток, по една година одложување и осум години планрање. На отварњето настапија голем број светски ѕвезди, како италијанскиот тенор Андреа Бочели, британската поп пејачка Ели Гулдинг и кинескиот пијанист Ланг Ланг.

438 хектари простор, кој до неодамна беше пустина, беше претворен во футуристички пејзаж со роботи, метро станица и павиљони од милиони долари. Вкупно 192 држави ќе ги претстават своите култури и иновации на Експо 2020.

Туристите и инвеститорите во наредните шест месеци ќе имаат можност да го видат американскиот павиљон кој е реплика на ракетата „фалкон 9“ на „СпејсЕкс“, или пак, италијанскиот кој содржи 3-Д реплика на Давид на Микеланџело, висока 5,2 метри.

Кина го има еден од најголемите павиљони, кој личи на традиционален фенер, додека павиљонот на Саудиска Арабија е опремен со најголемиот интерактивен светлечки под на светот.

За овој настан, кој има традиција од 1951 година, Владата на Дубаи потрошила седум милијарди долари.

 

Scroll to Top