Дубаи денеска го објави првиот тест за електрично такси без возач, со што оваа држава сака да стане пионер во областа на футуристичкиот транспорт. Во првото тест -озење немаше патници, објави сообраќајна агенција на Дубаи.
Прототипот што се користи, изработен од германска стартап-компанија, може да вози 30 минути со максимална брзина од 100 километри на час. Во него има место за две лица.
Дубаи планира да ги интегрира самовозечките такси-возила во транспортната мрежа со метро, автобуси и трамваи. Патниците ќе може да резервираат такси и да го следат својот пат преку телефонска апликација.
Властите планираат пет години тестирање за да ги применат сите безбедносни мерки и да ги донесат потребните закони за новиот начин на транспорт. Дубаи со 14,9 милиони туристи минатата година беше меѓу главните туристички дестинации во Персискиот Залив.