Два авиони се судрија во воздух во југозападниот дел на Холандија. При несреќата две лица го изгубиле животот. Едниот авион во кои се наоѓале настраданите бил уништен, додека другиот успеал принудно да слета.
Двата авиони биле дел од колекцијата на холандскит музеј за авијација. Од таму велат дека ќе биде спроведена детална истрага за причините поради кои дошла до незгодата.