Двајца мажи пронајдени мртви во вилата на Версаче на годишнината од убиството на модниот дизајнер

Безживотни тела на двајца мажи се пронајдени во хотелот „Каза казуарина“ во Мајами, што некогаш беше вилата каде што живееше и пред која беше убиен модниот дизајнер Џани Версаче. Тие се пронајдени мртви на 24-годишнината од убиството на славниот дизајнер.

Телата на двајцата мажи ги пронашла собарката, а полицијата во Мајами Бич почна истрага за причината за смртта, мотивите и идентитетот на жртвите.

За потсетување, Версаче беше убиен пред прагот на својот дом во Мајами Бич, на 15 јули 1997 година. Во него пукаше Ендру Кунанан. Осум дена подоцна,Кунан се самоуби на својот брод во Норт Мајами Бич.

Вилата каде што беа пронајдени телата – „Каза казуарина“ е изградена 1930 година, а Версаче ја купи во 1992 година. По неговото убиство семејството ја продаде и таа е хотел од 2015 година.

Scroll to Top