Дванаесетгодишниот Ксу Бингјанг веќе шест години го носи во училиште својот пријател Занг Зе.
Всушност, Ксу од кинескиот Мејшан својот пријател, кој има проблеми со мускулите и не може да оди сам, го носи уште од прво одделение. Притоа го носи секаде каде што е потребно, помеѓу часови, на ручек, во училиште и дома, според LADbible.
Ксу прави сè што може за да му помогне на Џанг во образованието и вели дека навистина не му е тешко. Нивната приказна стана хит во Кина и се прошири многу брзо во западните медиуми. За „Дејли мејл“, Ксу рече дека има 40 килограми, а Зе само 25, поради што не му е тешко носењето.
На четиригодишна возраст на Занг му е дијагностицирана состојба поради која нема контрола над мускулите. Мијастенија гравис е ретка болест која се манифестира со слабост на мускулите што се јавува во епизоди и е предизвикана од загуба или дисфункција на рецепторот за ацетилхолин, важен за контракција на мускулите.
Но, на негова среќа, тој може да оди на училиште како и сите други деца само благодарение на љубезноста на неговиот добар пријател.