Две европски земји ќе се борат за превласт во 2020 година

Како што доаѓа брегзит, така ќе дојде и до поместување на силите во Европа. Германија полека ќе почне да се врти кон источна Европа, сè со цел да го засили своето влијание на континетот, пишува за „Дојче веле“ германскиот новинар Борис Калноки.

Европската унија во 2020 година ќе биде помала, а политиакта во неа ќе биде потешка за водење. Британците дефинитивно ќе се поздрават со ЕУ, нешто што ќе се одрази на односот на силите внатре во унијата. Полека се надѕира отстапување од основниот германско-француски модел и враќање на историските структури.

Во тоа е и создавање на блок во централна и источна Европа, како некогаш кога била Хабзбуршката монархија: земјите на Вишеградската група, Унгарија, Полска, Чешка и Словачка и другите земји кои биле поврзани со нив.

Германија мора да се запраша каде е нејзиното место во Европа. Од неа ќе зависи идниот облик на ЕУ. Германските политичари често глумат како да не се најмоќни и како да не се на чело на центрите на моќ. Но, другите земји тоа го знаат. Тоа е една од причините зошто Британците си заминуваат.

Тие ја препознаваат германската доминација и не сакаат да се врзуваат за една таква структура, е наведено во текстот. Се почести се препреките меѓу Париз и Берлин во 2019 година. Со тоа почна и почетокот на борбата за доминација во новата континентална Европска унија.

Французите чувствуваат дека Германија во иднина би можела политички да доминира и да биде најмоќна од кога било претходно по Втората светска војна. Французите се обидуваат да го спречат тоа.

Рецептите кои веќе ги примениле претходно Шарл де Гол, Франсоа Митеран и другите француски претседатели биле Германија да ја врзат за европските структути кои не дозволуваат Германија да зачекори по сопствен пат и во тие структури да завземат колку е можно повеќе клучни позиции.

Еден таков чекор е повикот на Макрон да се формира европска војска. Со оваа војска би доминирала Франција, како единствена нуклеарна сила на континентот и единствена земја која има желба воено да интервенира во странство. Во меѓувреме, како е наведено во текстот, Германија се соочува со нова-стара реалност на Истокот.

Земјите од централна и источна Европа, како некогаш во времето на Хабзбуршката монархија, се нудат себе си како сојузници. Вербалниот конфликт со Берлин, кога станува збор за миграцијата, правната држава и европската интеграција, не бил најважниот настан во последните години на Истокот.

Поважен бил апелот за земјите од централна и источна Европа и Германија да ги признае како стратешки партнер и во нив да се врати принципот на реалистично и прагматично влијание, наместо постојано да се држат лекции за моралот.

Тие се подготвени да помогнат во ширењето на германската моќ во Европа, доколку Германија нешто им понуди за возврат. Таа идеја постои од 2014 и 2015 година и се повеќе дава знаци дека во Берлин оваа опција почнува да се разгледува. Германија по брегзит се повеќе се врти кон централна и источна Европа, како противтежа на Франција, но и противтежа на земјите од Вишеградската група за да ги држи подалеку од десничарските движења во Италија и Франција.

Притоа најголема пречка создава самата германска политика: Расправа за владеењето на правото и член 7. постапката против Полска и Унгарија. Како тоа да се запре? Никој не знае. Решението како е наведено, би бил механизам за владеење на правото кое го планира Европската комисија, кое би важело за сите земји.

Тоа би било шанса, постоечката постапка да се префрли во нов механизам. Тогаш на проблемите би требало да им се пристапи многу повнимателно, затоа што би станало со изразито политичкиот француски Уставен суд и неговата незавнисност? Или со праксата на доделување на ЕУ фондови на Грција? Листата е долга. Затоа во 2020 година, би можела да бдие година на раѓање на континентална ЕУ, чија политика повторно ќе личи на политика, отколку на беседа, се заклучува во анализата.

Scroll to Top