Две награди за Театарот за деца и младинци во Црна Гора

Театарот за деца и младинци се врати со две награди од 6. Меѓународен фестивал на кукларство кој што се одржа во Подгорица од 13. до 17. септември.

Театарот се претстави со представата „Петар Пан“ во режија на Боњо Лунгов и ја освои наградата за најдобра сценографија како и наградата за актерстко мајсторство за ликот на Ѕвончица во изведба на Татјана Кочовска Павловска.

Scroll to Top