Две тинејџерки загинале на писта во обид да направат селфи

Две тинејџерки на возраст од 17 и 18 години, од Мексико загинале на авионска писта во Костарика, додека се обидувале да направат селфи.

Двете девојки дошле за да следат трки, па сакале да направат фотографија покрај блискиот аеродром.

Сведоците велат дека толку се вдлабочиле во сликањето на пистата, па не приметиле дека над нив слетува авион. Ударот не можеле да го преживеат.

Пилотот ги забележал, но не можел да направи ништо за да ја спречи трагедијата. Според студијата објавена во списание за семејна медицина и основна заштита, во периодот од октомври 2011 година до ноември 2017 година, 259 луѓе умреле во обид да направат селфи.

Scroll to Top