Еден од моторите во авионот на Доналд Трамп откажал за време на лет

Пилотот во авионот на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, морал принудно да слета во саботата вечерта откако еден од моторите му откажал за време на летот.

Инцидентот се случил по говорот на Трамп на донаторскиот собир во Њу Орлеанс кој бил во организација на Републичкиот национален комитет.

Авионот бил во воздух околу 20 до 30 минути, пред еден од моторите да откаже. Пилотот морал наеднаш да сврти и да го врати на аеродромот во Њу Орлеанс. Тие требале да заминат за Палм Бич на Флорида, на имотот на Трамп Мар-а-Лаго.

Снимката од комуникацијата меѓу пилотот и кулата за летање, откри дека слетувањето било веднаш направено. Трамп потоа заминал со друг авион и на крајот стигнал дома во неделата околу 3 часот утрото. Досега неговиот портпарол одбил да даде било какви изјави за инцидентот.

 

Scroll to Top