Босанскиот репрезентативец и фудбалер на Рома, Един Џеко, е главна вест во италијанските спортски медиуми, откако напаѓачот го нападнал својот соиграч Стефан Ел Шарави во соблекувалната соба.
Џеко за време на полувремето на мечот меѓу Рома и СПАЛ, (1:2) го нападнал својот тимски колега и го обесил на закачалка во соблекувалната.
Повод за конфликтот било едно погрешно додавање во првото полувреме. Џеко бил гневен затоа што Ел Шарави не му ја додал топката во ситуација кога можел да постигне гол.
Италијанскиот фудбалер бил спасен од страна на Федерико Фацио и Роберт Олсен, кои интервенирале веднаш и спречиле да дојде до поголем инцидент.
Како што наведуваат италијанските медиуми, Рома по овој инцидент го казнила Џеко парично и фудбалерот морал пред сите да му се извини на Ел Шаравиј и да му подаде спортски рака.