Една од ќерките на Путин ја примила вакцината против коронавирус

Рускиот претседател Владимир Путин изјавил во јавноста дека една од неговите две ќерки ја примила вакцината против коронавирусот. Путин од првиот брак со Људмила, со која беше 30 години заедно, ги доби ќерките Марија и Катерина.

Тој кажа дека една од нив ја добила вакцината, но сакаше да потецира која. Марија е родена во 1985 година во Ленинград, денешен Санкт Петерсбург, додека Катерина ја добија година дена подоцна. Таа се родила во Германија, кога Путин работел за КГБ.

 

Људмила во една прилика изјавила дека Путин ги разгалил ќерките и дека таа е онаа што мора да биде строг родител. Марија има завршено медицина и таа денес живее во Москва со сопругот, со кого наводно има и дете.

Катерина пак е акробатска танчерка. Во 2013 година се омажи за милијардерот Кирил Шамалов, но се разделија на почетокот од оваа година.

 

Scroll to Top