Едно од најотровните морски животни откриено на Јадранот

Едно од најопасните отровни животни португалски главоножец е пронајдено покрај бреговиот во регионот Апули, помеѓу градовите Пескара и Бари.

Иако не станува збор за медуза, главоножецот се смета за едно од најотровните животни на светот. Живее на површината на морето, а може да достигне големина и од 28 до 30 сантиметри. Со еден допир може да предизвика огромна болка. Забележани се и случаеви на срцев удар, па дури и смрт.

Италијанските медиуми пренесуваат дека овој опасен португалски главоножец е тропски морски животински вид, кој може да биде смртоносен, поради што експертите апелираат во секој случај ако се забележи, луѓето да не му се приближуваат.

Проблемот е што овој морски вид е исклучително атрактивен и многу брзо знае да ги привлече луѓето. Особено помладите капачи. Пред неколку години во Италија е забележан смртен случај кај жени кои се осмелиле да го допрат.

Иако станува збор за не до толку познат вид, факт е дека овој животински вид внесе одреден немир меѓу жителите во овие краишта, но и меѓу експертите кои истакнуваат дека во последните 10 години нејзиното појавување е зголемено за десет пати. Експертите сметаат дека причината за неговата појава во овие краишта е глобалното затоплување.

Scroll to Top