Ејми Вајнхаус ќе добие споменик во Белград

Белград ќе објави меѓународен конкурс за изработка на споменик на Ејми Вајнхаус, кој би се поставил на местото каде што пејачката го одржа својот последен концерт во кариерата, најави заменик-градоначалникот Горан Весиќ.

Тој на својот Фејсбук напиша дека на денешен ден, пред точно десет години, Вајнхаус последен пат имаше концерт од својот живот, и тоа во Долниот град на белградската тврдина.

„Неполн месец по концертот Ејми почина. Се надевам дека догодина ова време ќе го имаме споменикот“, напиша тој.

Scroll to Top