„Економист“ ја прогласи Австралија за најуспешна земја во светот

Австралија е економски најуспешната земја на светот, пишува „Економист“. Кога земјата била во рецесија, Советскиот Сојуз сè уште постоел, пишува неделникот во серијата текстови за Австралија.

Ниту една земја од групата богати земји, освен Австралија, не успеала толку долго да има економски раст. Неделникот има објавено графити што го покажуваат континуираниот раст од 1991 година, кога Австралија излегла од рецесијата. Во други сегменти, „Економист“ пишува дека Австралија е уште поимпресивна.

Додека во многу богати земји платите стагнираат, во Австралија силно растат. Проблемот кој во многу земји предизвика разни негативни политички појави како популизмот, во Австралија речиси не постои.

 

Но, тоа не е единственото по што Австралија се одвојува. Додека државите ширум светот се обидуваат да ја спречат имиграцијата, Австралија прима до 190 000 нови жители годишно. Тоа е речиси трипати повеќе, ако се земе предвид бројот на жители колку што годишно примаат САД.

Толерантноста според доселениците би можела да биде одраз на успешноста на нејзината социјална држава. Јавниот долг изнесува само 41% БДП и е еден од најниските меѓу развиените земји.

Австралискиот здравствен систем дозволува основна заштита за сè. Се плаќаат клиниките и болниците за секој извршен зафат. Оние кои сакаат повеќе од основна заштита, тоа дополнително го плаќаат. Државата ги поттикнува граѓаните да уплатат во приватното здравствено осигурување, кое гарантира помала цена за разлика од онаа што ја наплатуваат во клиниките.

Што се однесува до пензиите, државата носи релативно мал дел од трошоците. Ова претставува далечен сон и за многу развиени земји. „Економист“ исто така пишува дека не е сè совршено во оваа земја и дека си има свои мани.

Истакнуваат дека вообичаената загриженост дека австралиската економија е премногу врзана со Кина, која е најголем купец на австралиските минерали. Луѓето се плашат, пишува „Економист“, дека ако падне кинеската економија, со тоа ќе се сруши и австралиската.

 

 

Scroll to Top