Секој родител знае дека на детето не му е потребно многу за да направи хаос.
Децата во сè гледаат прилика да истражуваат и да ги поместуваат границите кои родителите им ги поставуваат. Колку играчки и да имаат, сепак се чини дека тие најмногу ја сакаат онаа врста на игри кои подразбираат добро валкање. Сетете се само колку уживаат од кал да прават сè и сешто.
Тек во училиште, децата се сретнуваат со поимите: цврста состојба, гасовити материјали и оние во течна состојба. Меѓутоа уште многу пред тоа, децата почнуваат да увидуваат разлики меѓу овие поими, иако не знаат со кои зборови да ги наречат. Се работи за периодот кога се уште бебиња.
Родителите со задоволство му даваат на детето коцка за скопување или некоја друга играчка која притоа има цврст, непроменлив облик. Од друга страна, детето кога ќе ја допре топката или кога во раката држи балон, тој почнува да добива претстава за тоа како изгледа гасовитата состојба на материјата, иако за тоа всушност сè уште не знае. Течните материи се најчесто оние кои најмногу ги интересираат децата.
Родителите избегнуваат да им дозволуваат да си играат со нив за да не направат неред. Меѓутоа спроведеното истражување во Ајова покажало дека течните материи им помагаат да децата подобро да ги разликуваат мирисите, вкусовите и да ја сфатат состојбата на материјата. За да децата научат да ги идентификуваат одредените објекти со помош на зборовите, потребно е да се запознаат со различните облици на материјата и истите да ги поврзат со зборови.
Колку повеќе децата се во контакт со одредени работи, толку ти им се попрепознатливи и полесно им е да ги идентификуваат. Ова е охрабрувачко сознание за сите родители чии деца уживаат во тоа да ги размачкуваат кашичките по лицето, да прават фигури од кал и вода додека ги набљудуваат како непресушен извор на инспирација.
Децата константно учат. Секој нивен ден е исполнет со нови искуства кои ги користат во понатамошниот тек на својот живот. Неуредните деца сакаат да се валкаат затоа не треба да се сметаат само како такви, неуредни, туку и како интелигентни затоа што ги користат своите сетила (без воопшто да знаат за нив), како би го истражиле светот кој ги опкружува. Наместо да тежнеете кон тоа вашето дете да биде совршено чисто и уредно во секој момент, дозволете му да биде она што е – дете.