Ел Чапо бегал од полицијата гол во тунел, исповед на една од љубовниците

Најголемиот нарко-бос Хоакин Гузман познат како Ел Чапо, гол бегал низ тунел, кога полицијата дошла да му тропне на неговата порта, вели Лусеро Гвадалупе Санчез Лопез, една од неговите многубројни љубовници.

Утрото на 17 февруари 2014 година, мексиканскиот нарко-бос бил во кревет гол со Лопез, а во тие моменти еден од неговите соработници упаднал во собата ѝ почнал да вика дека полицијата е на врата.

Гузман трчајќи во купатилото го повикал остатокот од екипата да тргне зад него. Го дигнал поклопецот, кој водел во подземен тунел. Додека мексиканските специјалци ја разбиле вратата, Ел Чапо исчезнал во темното подземје, изведувајќи спектакуларно бегство.

Страшната сцена повторно ја прераскажала неговата Лопез за време на судењето во Њујорк. Таа вели дека побегнала зедно со него низ мрачните и влажни тунели. Девојката вели дека ѝ понатаму останала заљубена во Ел Чапо, а се присетила од времето кога за прв пат се заљубила во него, на само 21 година.

Ја раскажала целата приказна од почеток па се до крајот на нивната афера која завршила во канализацијата Кулиакана. Лопез вели дека три години работела како негова домашна сопруга и партнерка во бизнисот.

Му купувала голем број на килограми на марихуана, била потписник на голем број основани компании, а се грижела ѝ секогаш Ел Чапо да има чиста долна облека.

За време на сведочењето во судницата, Лопез заплакала признавајќи дека сеуште е заљубена во дилерот.

„И денес сум заљубена во него, затоа што мислев дека сме партнери и љубовници“, вели Лопез која работела во државната управа во сојузната држава Синалои.

Во 2017 гдина Лопез била уапсена на границата на САД, кај Сан Диего. Тогаш не знаела дека Ел Чапо веќе подолг период бил прислушуван од страна на американските федерални агенти.

Нејзините пораки до Ел Чапо биле архивирани. Дел од пораката на судењето биле прикажани како мексиканска верзија на Бони и Клајд. Една од пораките на нарко-босот говори дека Лопез обележала стотина килограми марихуана со знак на срценца и бројот 4, што претставувало референца на неговиот роденден, 4 април.

„Срцето значи дека те сакам, а бројот четири го означува денот кога си стигнал на свет“, напишала Лопез.

Шушкањата кои ги правеле на јастуците Ел Чапо и Лопез, покрај поротата и широката јавност, ги слушна и неговата законска сопруга Ема Коронел, која била меѓу присутните во судницата.

Додека Лопез ги раскажувала големиот број на занимливости пред поротата, Ема гледала пред себе ѝ си играла со косата. Ел Чапо пак не можел да гледа ниту една од нив двете, пишуваат американските медиуми.

Бизарната судска теленовела кулминирала со опис на драматичното бегство во канализацијата. Се раскажува дека нарко-босот трчал гол меѓу првите, а Лопез со собарката и неговиот соработник биле веднаш зад него. Името на неговиот соработник засега не е познато во јавноста. Се знае само дека кај луѓето на Ел Чапо е познат како Кондор.

„Одвратно влажно место преполно со кал. Доле бевме речиси еден час“, вели Лопез ѝ додала дека тоа и било сосема доволно за да биде истраумирана. Кога излегле од тунелот, се нашле на брегот на една река. Маринците не успеале да го пронајдат Гузман таа вечер, но пронашле голем број од неговите работи.

Биле најдени негов фрлач на гранати, пиштол и дијаманти и кутија со пластични банани преполни со кокаин. Со помош на колегите на САД, дознале дека Чапо се сокрил во хотелот „Мирамар“ во местото Масатлан. Агентите одлучиле да бидат невидливи, па се облекле како да одат на плажа.

На себе имале само купачи и јапонки. Долго го набљудувале хотелот пред да се одлучат да упаднат внатре на 22 февруари, нешто пред да изгрее сонцето.

Директорот на единицата задолжена за апсење на Ел Чапо, Виктор Васкез, добил знак дека Ел Чапо е уапсен жив. Васкез веднаш истрчал на паркингпт каде го забележал Ел Чапо во валкана маица додека бил клекнат на колена.

„Тоа си ти“, му викнал на Гузман.

Ел Чапо по година дена повторно успеал да побегне од затвор. Со него тогаш била ѝ неговата сопруга и нивните ќерки. Мал период подоцна тој побегнал со љубовницата, а бил уапсен во друштво на сопругата.

Scroll to Top