Познатиот режисер Емир Кустурица на затворањето на манифестацијата Меѓународни воени игри му посвети песна на рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.
„Многупати во животот гледам како луѓето пукаат и се убиваат. Благодарение на мојот другар Сергеј Шојгу направена е Олимпијада каде што се пука, но не се убива. Песната е посветена на мојот другар Сергеј Шојгу“, изјавил Кустурица на руски јазик и со својот бенд No smoking orkestra ја изведе песната.
Меѓународните воени игри почнаа на 28 јули, а официјално завршија со богатата културно-уметничка програма и десетминутен огномет над паркот „Патриот“ покрај Москва.
На воената Олимпијада учествуваа 189 екипи од 32 земји, кои се натпреваруваа во 28 дисциплини.
Руската војска во повеќето дисциплини убедливо триумфира и го потврди статусот на најсилната воена сила на планетата.