„Кралот на кокаинот“, како што го нарекуваат Пабло Ескобар, бил син на сиромашен колумбиски фармер, но до 35. година станал најбогатиот човек на светот.
Роден е во Рионегру, Колумбија, во 1949 година. Татко му бил фармер, а мајка му учителка. Пред да загосподари со пазарот на наркотици, крадел и продавал автомобили.
My father, drug kingpin Pablo Escobar: https://t.co/4Tzzzm67TQ pic.twitter.com/G7BdilXC8i
— The Daily Beast (@thedailybeast) September 4, 2016
Во 80-тите неговиот картел заработувал 240 милиони долари неделно, односно 22 милијарди долари годишно. Благодарение на огромното богатство, седум години по ред бил на листата на „Форбс“ на најбогати луѓе на светот.
До крајот на 80-тите години неговиот кокаин чинел 80% од светскиот пазар на дрогата, а секојдневно во САД испраќал 15 тони дрога.
Не штедел ни на својот луксуз. На својот екстравагантен имот во Пуерто Трифун, Ескобар изградил и приватна зоолошка градина во која чувал жирафи, нилски коњи, слонови и други животни. Тие години властите му одзеле огромна флота, која вклучувала 142 авиони, 20 хеликоптери, 32 јахти и 141 недвижнини.
Ескобар бил одговорен за убиство на околу 4000 луѓе, вклучувајќи и околу 200 судии, 1000 полицајци, новинари и владини официјални лица.
На 27 години се оженил со Марија Викторија Хенао, која во 1976 година имала само 15 години. Со неа добил две деца. Кога Ескобар бил во бегство со своето семејство, ќерката Мануела се разболела, а тој запалил два милиони долари за да ја загрее.
Купил авион за да може со него да ги пренесе своите пари, а кокаинот го криел во гумите.
Пилотите за ваквото криумчарење дрога можеле да заработат и до половина милион долари на ден.
За да влијае на измената на Законот за екстрадиција, Ескобар понудил да го отплати јавниот долг на Колумбија, кој тогаш се проценил на 10 милиони долари. Месечно трошел околу 2500 долари на гумички со кои ги врзувал парите.
Во богатата колекција авиони, хеликоптери, бродови, Ескобар имал дури и две подморници со кои криумчарел кокаин до Америка.
И покрај сè, тој им помогал на сиромашните, па го добил надимакот „Робин Худ“. Донирал пари во цркви, болници, градел паркови и фудбалски терени.
Најголемиот страв на Ескобар била неговата екстрадиција. Никако не сакал животот да го мине во американски затвор. Своето богатство го искористил за да влезе во колумбискиот конгрес.
Убиен е на 44-годишна возраст. Поединци шпекулираат дека бил опкружен со специјалци. Го погребале во Меделин, а на погребот присуствувале околу 25.000 сиромашни луѓе на кои со години им помагал.