ЕУ со нова казна за „Гугл“, компанијата треба да плати 1,49 милијарди евра

Антимонополските регулатори на ЕУ денеска му изрекоа казна на најголемиот интернет-пребарувач „Гугл“ од 1,49 милијарди евра, поради злоупотреба на доминантната позиција во онлајн огласувањето.

Ова е веќе трета казна за американската компанија во последните две години, наведува агенцијата „Ројтерс“. Регулаторните органи на ЕУ минатата година го казнија „Гугл“ со рекордни 4,34 милијарди евра, затоа што својот оперативен систем Андроид го користеле за блокирање на ривалите.

Тоа следело по казната од 2,42 милијарди евра од 2017 година, изречени на таа компанија, поради злоупотребата на доминантната положба на пазарот.

Scroll to Top