Европа ја чека најстудениот крај на октомври во последните 100 години

Европа ќе биде закована во леден бран на крајот на овој месец. Метеоролозите предвидуваат и до 10 сантиметри снег на планините во Шкотска, а не ја исклучуваат можноста дека иста судбина ќе ги снајде и другите делови на Британија, па дури и Лондон.

„До крајот на оваа недела речиси е извесно дека голема количина снег ќе падне и во Велс, јужниот дел на Лондон и централните делови на Англија. Снегот, секако, ќе предизвика проблеми, но не како оние што граѓаните ги имаат во текот на зимскиот период. Засега не е познато каква ќе ни биде зимата“, истакна метеорологот Џејмс Меден додавајќи дека во овие краеви, каде што нема да паѓа снег, ќе врнат обилни дождови.

За седум дена се очекуваат големи врнежи од дожд, а исто така лоши вести има и за љубителите на празникот Ноќ на вештерките, на 31 откомври. Овој ден се очекува да биде најстуден во однос на последните 100 години.

„Се очекува на 31 октомври снегот дополнително да се засили, а температурите да се спушатат на -7  Целзиусови степени. Тоа е незапаметено во последните 100-ина години затоа што последен пат последниот ден во октомври бил најстуден во 1926 година кога биле измерени дури -10 Целзиусови степени“, вели Џејмс.

Во ноември во Британија ќе биде значително постудено од октомври, а дождовите ќе бидат многу поинтезивни. Она што треба да нè загрижи е можноста бранот од Велика Британија да се прошири и на другите делови од Европа, па дури и на Балканот.

Начелно, утврдената временска прогноза говори дека снег на овие простори нема да има до декември, но не се исклучува можноста Циклонот, кој носи студ и дождови, лесно да се прошири и на другите делови од континентот.

Scroll to Top