Евровизија следната година ќе добие американска верзија

Евровизија догодна ќе добие американска верзија најавија организаторите на Европскиот избор за најдобра песна. Педесет земји ќе се натпреваруваат на Американскиот избор на песна, а засега не е објавено кој сервис или платформа ќе го емитува преносот.

Организатoрите најавија дека американскиот избор ќе се одржи во втората половина на 2021, неколку месеци после европскиот. Евровизија се одржува повеќе од шест децении.

Учесниците ќе ги бира американско жири, составено од професионалци во музичката индустрија како и претставници од регионалните телевизиски куќи. Ќе може да учествуваат соло музичари, дуети или групи со најмногу чест членови.

Поради пандемијата со коронавирусот, 65. издание на Евровизија годинава не се одржа во Ротердам. Холандија победи во 2019 со песната „Аркада“ на Данкан Лоренс, а Македонија го имаше највисокиот пласман на Евровизија, со седмото место на Тамара Тодевска.

Scroll to Top