„Фејсбук“ ќе биде казнет со 1,2 милион евра – ги шпионирал своите корисници во Шпанија

Се очекува дека „Фејсбук“ ќе се жали на ваквата одлука.Шпанскиот регулатор за заштита на личните податоци ја казни денеска американската компанија „Фејсбук“ со 1,2 милион евра поради кршење на законот за заштита на приватноста.

„’Фејсбук’ собра лични податоци од своите корисници во Шпанија без добивање  нивна согласност и без известување на корисниците за тоа како тие информации понатаму ќе бидат користени“, соопшти шпанската Агенција за заштита на личните податоци, а пренесува агенцијата „Франс прес“.

 

Scroll to Top