„Фејсбук“ воведува забрана за лајвстриминг од терористички напади

„Фејсбук“ ги заострува правилата за лајвстримингот за своите корисници во пресрет на состанокот на светските лидери со шефовите на телефонските компании. Ваквиот состанок има за цел да се сузбие онлајн насилството.

Воведување на новата политика на социјалните мрежи е иницирано по масакрот што се случи во Нов Зеланд во Крајстчрч. Од „Фејсбук“ велат дека привремено ќе им биде ограничен пристапот на лицата кои се соочуваат со дисциплински постапки за кршење на правилата на компанијата.

На корисниците кои за првпат се суспендирани ќе им биде овозможено да користат „Лајв“, но на одреден временски период, наведуваат од компанијата, а пренесува „Ројтерс“.

„Фејсбук“ не наведе за кои кривични дела е можно да се добие суспензија, или колку долго истата ќе трае, но портпаролката на компанијата изјавила дека според новите правила, напаѓачот кои усмрти 51 лице во пукањата во двете џамии во Крајстчрч не би имал можност да користи „Лајв“, на својот фејсбук-налог.

Ваквата најава за новите правила на „Фејсбук“ пристигнала во пресрет на копретседавањето на премиерката на Нов Зеланд, Џесинда Ардерн, на состанокот со францускиот претседател Емануел Макрон. Овој состанок има за цел светските лидери и шефови на телефонските компании го потпишат овој договор наречен „Крајстчрч повик“.

Ваквиот договор ќе ги обврзе сите засегнати страни на целосно елиминирање на најсилните екстремистички содржини на интернет.

 

Scroll to Top