Фенг шуи во домот

Секоја неактивна работа во вашиот дом значи дека нешто нема да работи во вашиот живот.

Иако светолката можеби и не ви е потребна во одредениот дел од куќата или станот, едноставно морате да ја замените – светилката е елементот оган, светлоста, активноста.

Неисправната светилка значи дека сте изгубиле увид во она што ви се случува во некое подрачје од вашиот живот.

Секој дел од станот е поврзан со некое подрачје во животот. Кога буквално ќе го осветлите ова делче од вашиот стан, ќе ви биде исто така малку појасно што и како се случува во вашиот живот.

Елементот оган носи топлина, активност и светлост во вашиот живот.

Понекогаш е доволно само да ги замените неисправните светилки и според зборовите на експертите на Фенг шуи, вашиот живот ќе блесне со нова енергија.

Scroll to Top